Кугларите од Битола, Стефанија Алексовска и Дарко Јовановски се светски вице шампиони во куглање во категорија “тандем микс“ на светското првентво во куглање У-23 кое се одржува во градот Тирол во Австрија.
Веста која е одлична за битолскиот спорт ја соопшти нивниот тренер и селектор на македонската репрезентација Игор Михајловски, на кои му требаше подолго време да се соземе и да ја смири возбудата.
-Еден мој сон , а се секако на Стефи и на Дарко ни се оствари. Еден животен сон, да се освои медал на едно големо натпреварување се случи. Срцето ми е полно и горд сум на себе и на овие двајца битолчани, и тоа е потврда на она што го работевме сите овие години, со многу емоции ни кажа Михајловски, по вибер комуникација, веднаш по прогласувањето на победниците и доделување на медалите.
Двајцата куглари покажаа одлична игра во текот на сите рунди, естонскиот пар го добија со 2:0, а потоа победен беше и романскиот пар по 1:1 на пенали. Во полуфиналето Стефи и Дарко беа подобри од чешкиот пат, со идентичан резултат 1:1, а потоа на пенали. Во финалето битолчани немаа сили за уште една побда и се поразени од парот од Србија.
После 15 години работа е освоен овој медал, а Македонија се враќа на вистинските, кугларски, патеки.
Претходно Стефанија Алексовска се пласира во финалето во женска конкуренција во категорија У-23, а Дарко “искугла“ сопствен рекорд.
С.Ристевски











