Иако беа малкумина на број, за разлика од минатите големи ракометни случувања, сепак битолските навивачи кои во Минхен, Германија, ја бодреа репрезентацијата на Македонија, повторно оставија печат на трибините, па и официјалната маскота направи фотографија за спомен.
За жал по синоќешниот пораз од Исланд, репрезентацијата не го продолжи натпреварувањето во разигрувањето, и македонската фаланга повеќе ќе ја нема на трибините.