Културно уметничкото друштво “Илинден“ од Рокдајл, Австралија одржа одличен концерт во спортскиот центар “Илинден“ во Сиднеј на кој настапија сите играорни групи на друштво и се претставија со богата програма.
Салата беше преполна, а претседателот на друштвото Крис Карафиловски топло ги поздрави сите и ја најави вечерната програма почнувајќи од најмалите до најголемите како и повозраснита женска група кои вежбаат во долната сала на црквата се претставија со неколку сплетови ора и песни и беа наградувани со бурни аплаузи.
Атмосферата во салата беше многу весела, ечеше песната и орото од сите групи што настапија навистина многу професионална изведба.
Најголемите, убавите момчиња и девојчиња играа како “да не стоеја на нозе“ со голем мерак и насмеани како да “летаа“ низ салата.
Момчињата пееаја, а играа девојките облечени во убава народна носија и заедно се претставија со неколку ора и песни.
Инаку, фолклорното друштво КУД “Илинден“ кое работи во рамките на црковната општина “Св. Петка“ во Рокдаел постои од далечната 1966 и оваа година во ноември ќе прославува 60 годишнина. Тие се вистински амбасадор на македонската песна и оро, имаат настапувано во Македонија неколку пати.
Подготовки за големиот јубилеј се во тек. Друштвото има осум групи и осум кореографи сите од нив биле играоорци за долго време и повеќето од нив уште играат и ги учат помладите.
Претседателот Крис Каранфилоевски ги најави и награди играорците со 10 и 15 годишно искуство со признание за што беа наградени со бурни аплаузи.
Исто така во рамките на друштвото има и ансамбл на млади изведувачи на музички инструменти, како и прекрасно девојче од околу 10-тина години кое се претстави со неколку песни проследено од младиот оркестар со ангелски глас ја испеа песната “Зајди Зајди сонце“ и неколку други кои не се лесни за пеење.
После завршување на програмата игроорците и многу од нас присутните =сите заедно со ора и песни се забавуваме до доцна во ноќта. Беше прекрасна вечер која долго ќе се памети
Славица Марчевска











