Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево, температурата до 29 степени

Денес, понеделник, 1 јуни, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Упрвата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне можност за нестабилност со пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Температурата до 29 степени.

Утре, вторник, 2 јуни, во Битола, времето ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец. Температурата во Битола до 30 степени.

More from ВестиMore posts in Вести »