Општина Битола ги информира граѓаните дека од утре 3 јуни 2026 година фирмата изведувач на градежните работи ќе започне со подготвителни активности за изградба на коловоз и паркинг на улицата „Браќа Џаферови“.
Потребно е граѓаните да ги отстранат возилата од улицата со цел непречено одвивање на градежните работи.






