Press "Enter" to skip to content

Diners отвора физички салон во Битола: Кредитна картичка ќе се издава за 10 минути

Diners Club Македонија денес го лансираше својот нов финансиски производ под името Diners Now, со кој воведува нов модел на брзо издавање кредитни картички на лице место. За оваа намена, компанијата по неколку години повторно се враќа со физички локации, отворајќи за прв пат „pop-up” салон во Bliss Mall во Битола.

Главната карактеристика на новиот концепт е елиминирањето на класичниот процес на чекање одобрување во банка. Граѓаните ќе можат да аплицираат директно во новиот салон и, доколку ги исполнуваат условите, да ја подигнат активната кредитна картичка во рок од 10 минути.Од компанијата појаснуваат дека Diners Now има за цел да понуди алтернатива за корисниците кои имаат потреба од инстант финансиски средства, но бараат сигурен производ со јасни услови.

„Свесни сме дека модерното темпо бара инстант решенија, но потрошувачите повеќе не сакаат да прават компромис со квалитетот и довербата. Diners Now е нашиот одговор на тоа барање. Ја прескокнуваме бирократијата и долгото чекање, но го задржуваме комплетниот кредибилитет на брендот. Ова е паметен финансиски пристап за луѓе кои го ценат своето време,“ вели Тони Јанковски, директор за иновации и развој во Diners Club Македонија.Со овој чекор, Diners Club директно одговара на потребите на модерното секојдневие, нудејќи паметен и брз пристап до квалитетен финансиски производ. Diners Now ги задржува сите препознатливи придобивки на класичната Diners картичка, но со зголемена агилност и дополнителна флексибилност при подигнувањето готовина.
Процесот на апликација е поедноставен и се завршува на лице место со помош на агентите во салонот. Планот за ширење предвидува отворање на салони низ цела Македонија во период од две години.

 

More from ВестиMore posts in Вести »