Press "Enter" to skip to content

Триото “Интерарт“ од Битола со концерт во Струмица

Триото „Интерарт“, кое го сочинуваат флејтистите Емилија Ристевска Стефановска и Александар Стефановски и пијанистката Татјана Божиновска, на 18 јуни 2026 година ќе одржи концерт во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица.

На програмата се застапени дела од G. Shocker, A. Rubtsov, J. M. Damase и македонскиот композитор Марко Виденовиќ, кои на публиката ќе ѝ понудат интересен и стилски разновиден музички доживувај.

Со овој настап триото продолжува со својата активна концертна дејност, придонесувајќи кон развојот и афирмацијата на камерната музика и промоцијата на домашното музичко творештво.

Концертот е реализиран со поддршка од Министерството за култура и туризам на Република Македонија.

More from КултураMore posts in Култура »