Press "Enter" to skip to content

ЈП “Паркинзи“: паркингот кај спортската сала ќе биде затворен од утре попладне до недела попладне

ЈП “Паркинзи“ информира дека од утре, 19.06 (петок) до 21.06.(недела) попладне паркингот кај спортската сала Боро Чурлевски ќе биде затворен за паркирање.

Причина е организирањето на манифестацијата CAR SHOW која ќе се одржува на споменатата локација на ден 20.06. (сабота).

Манифестацијата е со меѓународен карактер и по втор пат се одржува во нашиот град.

На организаторите им посакуваме успех, а Вам почитувани корисници на услугите Ви посакуваме убави моменти на CAR SHOW и Ви благодариме на разбирањето и соработката.

More from ВестиMore posts in Вести »