Денес, петок, 19 јуни, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа повремено засилен северен ветер. Температурата во Битола до 29 степени.
Утре, сабота, 20 јуни, во Битола времето ќе биде Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 30 степени.






