На 18.06.2026 во 22:45 часот во СВР Битола, А.Е. (42) од Битола пријави дека на ул.„Караорман” во Битола бил физички нападнат од лице кој употребил и остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 18.06.2026 во 15:45 часот во парк „Стив Наумов“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Н.Ш.(30) од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.
На 18.06.2026 во 13:00 часот во СВР Битола, А.Р. (52) од Битола пријави дека од домот се оддалечила неговата сопруга на возраст од 43 години. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 18.06.2026 околу 12:30 часот во СВР Битола, Б.М. (55) од с.Крклино, битолско, пријавил дека при вршење земјоделски работи во неговиот двор пронашол неексплодирана граната. Од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била подигната и било констатирнао дека се работи за неексплодирана граната со калибар 75 мм, која потекнува од Првата светска војна.
На 18.06.2026 во 13:40 часот во СВР Битола, полициски службеници од патролен тим во с.Меџитлија, битолско, пронашле неексплодирана граната. Од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била подигната и било констатирнао дека се работи за неексплодирана граната со калибар 75 мм, која потекнува од Првата светска војна.






