Денеска официјално беа доделени четири нови возила за потребите на подружницата на АД „Македонски пошти“ во Битола, како дел од процесот на модернизација и унапредување на капацитетите на оваа значајна јавна институција.
На доделувањето на возилата присуствуваа генералниот директор на Пошта Орхан Куртиши и заменикот ген. директор Николчо Угринов, градоначалникот на Битола – Тони Коњановки и раководителите на пошта Битола, како и вработени во пошта Битола.
Генералниот директор на Пошта – Орхан Куртиши за донацијата од Владата рече:
-Целта на посетата е доделување на подружница Битола на 4-ри нови возила пикап “фиат добло“ од донацијата на владата за 90 пикап возила и 10 комби возила за Пошта на Македонија за што и се благодарувам. Досега немало ваква инвестиција, а сите знаеме кави беа условите во изминатите десет години. На државно ниво беа обезбедени вкупно 100 нови транспортни возила, со цел унапредување на поштенските услуги и создавање поефикасен и помодерен систем на работа, а за пошта Битола издвоени се четири возила. Пошта Битола има две возила претходно, а според обемот на работа ќе бидат доволно. Очекуваме уште други инвестиции, како во делот на инфрастуктурата.
Заменикот ген. директор Николчо Угринов за техничките карактеристики на возилата додаде:
-Возилата е најнов модел на “фиал дабло“ од 2026 година и опремени со најсовремена опрема. Во товарниот дел според спецификација се набавени за потребите на Пошта, според закон за поштенски услуги. Носивост има 750 килограми. Има новитет а тоа што во товарниот дел ќе има поставени камери, а тоа ќе знали дека 24 часа пратката ќе биде следена од Пошта Скопје, до пошта Битола, задолжувањето, и до крајната адреса, со што ќе се подобри и безбедноста и квалитетот на услугата.
Градоначаникот на Битола – Тони Коњановски се заблагодари на можноста да биде дел од овој настан и нагласи дека АД „Македонски пошти“ претставува институција од особено значење за граѓаните, стопанството и целокупното функционирање на општеството.
-Секое вложување во нејзиниот развој и модернизација претставува вложување во подобар јавен сервис и поквалитетни услуги за сите корисници. Како локална самоуправа, го поздравуваме секое вложување што придонесува за поефикасни јавни услуги, подобри услови за работа и поквалитетен сервис за граѓаните. Ова ќе значи многу за регионот, после многу години. Се надевам дека со оваа инвестиција ќе се врати довербата во институцијата пошта, и ќе биде на ниво кое ние повозрасните ја паметиме, кога беше единствен доставувач на пратки.
Директорот на пошта Битола – Нико Талевски рече:
-Едно возило ќе биде за работната единица Ресен за опслужуање на преспанскиот регион, а дригите ќе се употребуваат за достава на пратки, пакети во битолскиот регион за граѓаните да имаат подобро и навремени услуги, и секако поефикана достава. Секако дека и вработените во пошта Битола ќе имаат подобри услови за работа.
Преходно беа промовирани 100 нови возила за потребите на АД “Пошта“, кои ги обезбеди Владата преку Министерството за транспорт реализираше набавка на 100 нови возила за потребите на Македонска пошта. Со новите возила, Пошта посигурно ќе ги доставува услугите до секој граѓанин, до секое населено место, до секоја компанија.

Пошта Битола се поднови со четири возила “фиат добло“ (фото)
Сашо Ристевски
More from ВестиMore posts in Вести »
- “Вистинска парада на гордоста” во Битола, по Широк Сокак, по 5. пат (фотогалерија)
- СВР Битола: сообраќајка на три возила со пет повредени – приведен еден од возачите, приведување за марихуана
- Мјузиклот “Као какао“ во Битола официјално го започна “Битфест 2026“ (фотогалерија)
- СВР Битола: кривична за поранешен директор на “Стрежево“, спротивно на одредбите три пати сменил работно место на вработен
- Во Битола сончево и топло, температурата до 31 степен





