Денес, недела, 21 јуни, во Битола, според прогнозите на метероролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен северен ветер. Температурата во Битола до 29 степени.
Утре, понеделник, 22 јуни, во Битола, времето ќе биде претпладне сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 33 степени.





