Press "Enter" to skip to content

Летото официјално пристигна, денес е најдолгиот ден во годината

-Веќе од утре, Сонцето полека ќе почне да “заоѓа“ и деновите постепено ќе се скратуваат за неколку секунди или минути.

Најжешката сезона пристигна – денес е официјалниот почеток на првиот ден од календарското лето, кое воедно го носи и најдолгиот ден во годината.

На првиот ден од летото, Сонцето го прави својот најголем дневен лак над хоризонтот. Изгрева на североисток, ја достигнува својата највисока пладневна висина на југ во текот на целата година и заоѓа на крајниот северозапад.

Летото оваа година ќе трае точно 93 дена, 15 часа и 40 минути.

Официјално ќе заврши на 23 септември во 2:05 часот наутро, кога се случува есенската рамноденица.

Веќе од утре, Сонцето полека ќе почне да „заоѓа“ и деновите постепено ќе се скратуваат за неколку секунди или минути до 21 декември, кога започнува зимската краткоденица и официјалниот почеток на зимата.

Интересно е и тоа што, иако денес е денот со најмногу сончева светлина, ова генерално не е најжешкиот ден во годината.

Најголемата топлина сè уште нè чека во јули и август, бидејќи на океаните и копнените маси им се потребни неколку недели за да ја апсорбираат топлината и да ја „загреат“ атмосферата, што научниците го нарекуваат сезонско доцнење на температурата.

Се очекува температурите во текот на летото во Македонија да бидат за 1,5 до 2 степени Целзиусови повисоки од повеќегодишниот просек.

More from ВестиMore posts in Вести »