Денес, среда, 24 јуни, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, ќе се задржи нестабилно време со дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата во Битола до 29 степени.
Утре, четврток, 25 јуни, во Битола времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата во Битола до 32 степени.






