Press "Enter" to skip to content

КРЕДО Connect: презентација на успешен студентски проект на УКЛО Битола

Во просториите на Ректоратот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа презентација на студентскиот проект „Платформа за резервација во Студентскиот информативен центар“, реализиран во рамки на менторската програма КРЕДО Connect.Проектот беше спроведен во соработка со работна група составена од студентите Огнен Николовски, Елена Гичевска, Евгенија Талевска, Филип Штрковски, Стефан Кочовски и Дамјан Велјановски, под менторство на проф. д-р Лела Ивановска од Факултетот за информатички и комуникациски технологии и Филип Талев од компанијата “iSource“.Ректорот Неделковски нагласи дека идејата е одлична бидејќи во СИЦ-от фунционира и Колорс Алијансата со неколку структури и име повеќе неформални истритуции за воннаставни активности.-Ако заживее овој проект очекувам да има и поголема видливост на работите, а ако сте подготвени да го работите овој прроект и да се поврзите со нашата УКЛО платформа и секој студент да добива нотификации за тоа дека има настан во СИЦ-от. Најважно за мене и за вас е тоа што приватниот сектор ја препознал вашата работа и заедно работите на овој проект.На настанот присуствуваа ректорот, проректорите, продеканката проф. д-р Велјановска, академската раководителка на УКЛО КОЛОРС, претставници на централната служба како и директорката на КРЕДО центарот, која истакна дека ваквите студентски проекти имаат значајна улога во зајакнување на врската помеѓу академската заедница и бизнис секторот, како и во поттикнување на развој на практични и применливи решенија за институцијата.Ректорот, проф. д-р Игор Неделковски, воодушевен од вложениот труд, професионалноста и успешноста на студентите, го поддржа проектот и им додели благодарници со признанието „Амбасадор на УКЛО“ .

More from ВестиMore posts in Вести »