Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: закана со остар предмет, пријава за допир на тело, двајца приведени за дрога

На 05.07.2026 во 01:45 часот во СВР Битола, Е.Ф. од Битола пријави дека на ул. “Васко Карангелевски“ во Битола, лице од Битола му се заканувал со остар и тврд предмет, по што пријавителот и негови роднини му го одзеле остриот предмет. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.     
 
На 05.07.2026 во 00:15 часот во СВР Битола 32-годишна битолчанка пријави дека, откако отишле во неговиот дом во Битола, нејзиниот познаник ја допирал по телото. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
 
На 04.07.2026 во 22:20 часот, на ул. “Трајче Магловски“ во Битола полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода две лица на возраст од 33 и 30 години, двајцата  од Битола, бидејќи при преглед кај  едното лице била пронајдена марихуана. По документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.