На 06.07.2026 во 12:10 часот во СВР Битола П.С. (68) од Ресен пријави дека во новиот пазар во Битола бил физички нападнат од 26 годишно лице од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 06.07.2026 во 12:30 часот во СВР Битола М.Б. (21) од с. Лопатица, битолско, пријави дека на ул. „Петар Петровиќ Његош “во Битола била физички нападната од 68 годишник од Битола, кој употребил и тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 06.07.2026 во 20:20 часот во СВР Битола М.Р.(46) од Битола пријави дека во градскиот пазар во Битола бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.






