На 07.07.2026 во 15:00 часот во СВР Битола, З.Ј. (38) од село Долно Оризари,општина Битола, пријави дека на м.в. „Трансформатор“ во атарот на село Новаци биле опожарени два хектари нива посеана со пченица, сопственост на А.П. (53) од село Горно Агларци. Пожарот бил локализиран од страна на Територијалната противпожарна единица Битола. Повредени лица нема, а увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.
Територијална противпожарна единица по римена дојава во 11:40 часот за запалена сува трева во село Доброени, ТППЕ Битола интервенирала со 2 возила и 4 пожарникари.






