Денес, понеделник, 13 јули, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 32 степени.
Утре, вторник, 14 јули, во Битола времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 33 степени.






