Press "Enter" to skip to content

Во Новаци првата форумска сесија од проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“

Денес во општинската сала во Новаци се одржа првата форумска сесија во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети – Фаза 2“, на која активно учество зедоа граѓани, претставници на месните заедници, јавните институции, граѓанските организации и други засегнати страни.

Форумската сесија ја отвори градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски, кој ја истакна важноста од активно вклучување на граѓаните во процесот на креирање и избор на проекти што ќе придонесат за развојот на општината и подобрување на квалитетот на живот.

 

Во текот на сесијата беше презентиран форумскиот процес, неговите цели, активности и очекувани резултати, по што следуваше дискусија за форумските теми и избор на приоритетната тема.

 

Учесниците ги усвоија начелата за работа, се организираа во работни групи и започнаа со идентификација и дефинирање на клучните проблеми во заедницата. Преку конструктивна дискусија беа предложени повеќе идеи и можни проектни решенија кои ќе бидат дополнително разработени во следните форумски сесии.

 

На крајот беше презентиран форматот за подготовка на концепт на предлог-проект, формирана беше работна група за анализа на приоритетната тема и беше договорен терминот за следната форумска сесија.

Форумите во заедницата претставуваат значајна можност граѓаните директно да учествуваат во донесувањето одлуки и заеднички да креираат проекти кои ќе одговорат на реалните потреби на Општина Новаци.

More from ВестиMore posts in Вести »