Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево и топло, температурата до 37 степени

Денес, понеделник, 20 јули, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне можност за нестабилност. Температурата во Битола до 37 степени.

Утре, вторник, 21 јули, во Битола, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална нестабилност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 37 степени.