Press "Enter" to skip to content

Кабаре на гламурот и емоцијата: Gold Felicia создаде сцена инспирирана од „Moulin Rouge “ (фото)

По повод петтиот роденден, Gold Felicia Bitola приреди роденденско кабаре – спектакуларен проект кој ја одбележува петгодишната успешна приказна на оваа препознатлива сцена. Ансамблот на Gold Felicia, заедно со продукциската куќа 77 Entertainment, создаде уникатно шоу инспирирано од легендарниот „Moulin Rouge“, претставено на големата сцена во Gold Felicia.Роденденското кабаре претставува нов сценски концепт кој ќе се изведува до крајот на годината. Посебен акцент е ставен на македонската музика преку македонските евергрини, со цел да се оживее богатото домашно музичко наследство и да му се даде нов, модерен сценски израз.Во продукцијата учествуваат осум пејачи и голем ансамбл составен од артисти од различни уметнички области – современ и модерен танц, хип-хоп, пеење и сценски перформанс. Тие, како дел од продукцијата на Gold Felicia, создаваат единствена сценска приказна во која се спојуваат различни таленти, енергии и уметнички изрази.Сцената блескаше во духот на гламурот, елеганцијата и раскошот, надополнета со впечатливи и уникатни костими изработени од Андреј Папаз.

Посебен белег на вечерта дадоа кореографиите на Бобан Русески, кои со својата динамика, страст и прецизност создадоа незаборавно сценско доживување.Роденденскиот спектакл во Gold Felicia донесе продукција на светско ниво, која преку музика, танц, сценски изведби и врвна продукција ја збогатува домашната кабаре сцена.

Уметничкиот директор Димитар Андоновски истакна дека е исклучително задоволен од целиот проект и од посветеноста на целиот тим.Андоновски ќе додаде:Создадовме спектакл кој по квалитет, естетика и емоција може да застане рамо до рамо со најдобрите светски кабаре продукции. Горди сме што токму Битола, а и цела Македонија, ќе имаат можност да уживаат во едно вакво уникатно сценско доживување на светско ниво, кое ќе продолжи да живее на сцената на Gold Felicia и во периодот што следува.Gold Felicia продолжува да создава нови сценски приказни каде музиката, танцот и врвната продукција се спојуваат во едно автентично уметничко искуство, носејќи свежина и нова енергија на македонската забавна сцена.