На 22.07.2026 во 00:20 часот во СВР Битола, 16-годишен малолетник од Битола, заедно со негов родител, пријавил дека во училишен двор на ул. „Виенска“ во Битола бил физички нападнат од повеќе други малолетници и се добил со повреди. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 21.07.2026 во 11:10 часот во влезот на СВР Битола, М.В. (31) од Битола го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициските службеници. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 21.07.2026 во 12:30 часот во СВР Битола, С.М.С. (53) од Битола пријавила дека во село Лавци, битолско, додека ја чистела плевната, пронашла граната. Од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола гранатата била безбедно подигната и било констатирано дека се работи за граната од Втората светска војна.






