Press "Enter" to skip to content

“Пивофест и скара“ се одржа и во Сиднеј, Австралија (фотогалерија)

Деновиве во спортскиот центар “Илинден“ во населбата Рокдаел Сиднеј се случи уште едно нешто ново за првпат во историјата на доселеништвото во Нов Јужен Велс, “Пиво фест и скара“ се одржи токму во Рокдаел каде што живеат најголем број на Македонци.За овај настан претседателот на прилепското друштво Иван рече:-Овае продуктивен ден за нас, но зад ова стои многу работа, а се подготвувавме повеќе дена и не беше лесно да се организира ваков настан за прв пат.  Прилепското друштво “Методија Андонов Ченто“ работи околу 50 години но сегашнава управа само 5 години и нивните настани се секогаш многу успешни.На прашањето од каде идеата да го донесете “Пивофест“ овде во Сиднеј поточно Рокдаел ми рече дека оваа година за прв пат помислиле на ова и планираат да остане традиција еднаш годишно.Атмосферата беше многу убава малку врнежливо но игралиштето беше полно имаше и фудбалски натпревар и салата внатре беше полна сите можеа да уживаат во убавата храна на скара и прасешко на ражен и секако и чаша или две пиво. 

За сето ова организаторот имаше и доста помагатели, меѓу  кои и нашиот градоначалник  на општината Џоџерс Рива, Оливер Димовски кој упари честитки и голема благодарност за Оливер бидејќи тој е секогаш тука, со нас кога се организира нешто во заедницата.Внатре во клубот имаше многу народ, масите беа полни луѓето секојдневно облечени уживаа во звуците на групата Балканика како и убавиот глас на пеачката Соња која со нејзините песни сите не развесели на оро со нас. Исто така во салата имаше и многу мали дечиња си играа и на оро и на “Џампинг касел“  за што Иван ми рече дека имаат добро соработка со управата на ФК Илинден од Рокдаел и цел профит ќе биде подарен за поправка на кујната.-Вакви настани повеќе не зближуваат да се дружиме веселиме во исто време да помогнеме на нашиот клуб “Илинден’ да напредува и да си го чуваме за многу години, рекоа присутните.

Од Сиднеј: Славица Марцевска

More from ВестиMore posts in Вести »