Денес, петок, 24 јули, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурата во Битола до 25 степени.
Утре, сабота, 25 јули, во Битола времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 26 степени.






