Press "Enter" to skip to content

Во понеделник од 5 до 9 часот најавен штрајк на грчките царински службеници

Царинската управа на Македонија ги известува патниците и превозниците дека согласно информацијата добиена од грчката царинска служба, во понеделник, 27 јули, во периодот од 6:00 до 10:00 часот – грчко време, односно од 5:00 до 9:00 часот – македонско време, на сите гранични премини во Грција, вклучувајќи го и преминот Меџитлија – Ники е најавен штрајк на царинските службеници.

Најавено е дека за време на прекинот во работата, патничките возила ќе бидат пропуштани периодично.

Товарниот сообраќај во тој период ќе биде целосно во прекин, а исклучок може да бидат товарни возила со лесно расиплива стока.
Ги информираме патниците и превозниците да го имаат предвид најавениот прекин и навремено да го планираат своето патување.

Царинските службеници од македонска страна ќе работат нормално и ќе бидат преземени сите потребни дејства за намалување на евентуалните непријатности за патниците и превозниците.