Сподели ја твојата — Со љубов од Битола CEDI4 weeks ago03 mins Центарот за европски развој и интеграција од Битола во партнерство со НУ Центар за култура Битола објавува конкурс за фотографии за 14-тото издание на изложбата „СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА″ ТЕМА НА КОНКУРСОТ Е – „БИТОЛА ВО ЗЛАТНИОТ ЧАС“
КОНКУРСОТ ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕН до 31 јули 2026 со НАГРАДЕН ФОНД – ПРВА НАГРАДА – 6000 ДЕН – ВТОРА НАГРАДА – 4500 ДЕН – ТРЕТА НАГРАДА – 3000 ДЕН.
Право на учество имаат сите љубители на фотографијата – аматери и професионалци. ТЕМА НА КОНКУРСОТ Е – „БИТОЛА ВО ЗЛАТНИОТ ЧАС“.
Фотографиите во својот фокус треба да го имаат специфичното светло, бои и атмосфера на „златниот час“ (периодот непосредно по изгрејсонце или пред зајдисонце) над улиците, архитектурата, луѓето или природата на Битола.
Задачата ќе биде на креативен начин да се направи фотографско сведоштво за тоа како златната светлина го преобразува градот.
Проектот е дел од годишната програма на НУ Центар за култура Битола и е финансиски поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија, а реализацијата на ова издание на изложбата е дополнително финансиски поддржана и од нашиот партнер – Општина Битола, во рамки на програмата на Бит-Фест 2026
ПРОПОЗИЦИИ И ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ
Темата на конкурсот спаѓа во категоријата на Golden hour / Lifestyle & Landscape photography. Примарниот акцент е ставен на фотографирање на градот, луѓето или природата во специфичните светлосни услови на изгрејсонце или зајдисонце. – Фотографијата треба да содржи мотиви или елементи кои недвосмислено посочуваат дека делото е создадено во Битола.
Секој учесник може да прати најмногу три фотографии (стручното жири ќе изврши селекција кои фотографии ќе бидат дел од изложбата)
На фотографијата да нема потпис, друг дополнително внесен текст или графички елементи.
Фотографијата да е со минимална резолуција 4000 x 2000 pixels 300 dpi 24 bit depth – или поголема од 3 MB – Фотографиите да се во боја.
Фотографијата да не е постара од 3 години и да не е претходно испратена на конкурсот „Со љубов од Битола“ ПОСТАПКА ЗА УЧЕСТВО
Спуштете ја на вашиот уред формата за пријавување од следниот линк ПРИЈАВА
Фотографиите со минимална дефинирана големина прикачете ги заедно со пополнетата пријава на електронската пошта cedi.mk@gmail.com НАЈДОЦНА ДО 31.07.2026 год. со назнака ЗА КОНКУРСОТ СО ЉУБОВ ОД БИТОЛА 2026.











