Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево и многу топло, температурата до 34 степени

Денес, сабота, 8 август, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне можност за нестабилност. Температурата во Битола до 34 степени.

Утре, недела, 9 август, во Битола, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне можност за нестабилност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 35 степени.