Уште еден млад македонски кошаркар ќе биде дел од КК Пелистер од Битола, а се работи за кошаркар со интернационално искуство и настапи за младите категории на нашите репрезентации, Лука Савиќевиќ.
24-годишниот Лука Савичевиќ доаѓа во Битола од Феникс 2010, каде што пристигна од Шпанската кошаркарска академија (СБА). Претходно настапуваше во американската НЦАА лига, од тимовите на Источен Мичиген и Лафајет колеџ. Потекнува од македонската кошаркарска сфера, настапувал и за МЗТ Скопје. Играше во САД на универзитетско ниво, стекнувајќи искуство во американската колеџ-кошарка. Редовен член е и носител на играта во младинските селекции.
Савичевиќ официјално ќе биде претставен на почетокот на подготовките со КК Пелистер.











