Мали луѓе. Голема забава. Цел Широк Сокак во бело.
БЕЛАТА НОЌ и оваа година има претходница и ПОЧНУВА СО НАЈМАЛИТЕ.
Пред градот да се облече во бело, сцената им ја даваме на оние што најдобро знаат како се прави вистински хепенинг – децата. На 21 август од 19:00 часот, платото пред Офицерски дом станува нивна мала Бела ноќ: со музика, театар, танцување, маскоти и доволно детска енергија да го разбуди цел Широк Сокак.

Ќе загреваме со кловнот ЗАГИ, ќе пристигне Мими со Југото, зад пултот е ДЈ Милојевиќ, а на сцената ќе ја гледаме детската претстава „Распуст лета, школо цвета“. Доаѓаат и маскотите Мики, Мина, Спајдермен и Капетан Америка, ќе играме со Експоуз студио, ќе пееме со детскиот музички фестивал ТРА ЛА ЛА, а со нас ќе биде и Алексеј Ивановски.
И да — дрес-кодот важи и за најмалите. Бело.

Ние ја подготвивме сцената. Тие ја носат музиката. Вие само облечете бела облека.
На 22 август, плоштадот „Магнолија“ станува голема отворена сцена за македонска музика, за различни генерации и за песни што ги знаеме наизуст и некои што допрва ќе ги запееме заедно.
Од сетот на DJ Chiko, Никола Зацески и Алексеј Ивановски, преку Паркети и Ѓоко Танески со бендот, до Дац и Александар.
Различни генерации. Различен звук. Една македонска сцена. А пред неа жителите на Битола облечени во бело. Илјадници луѓе на улиците, полн Широк Сокак, полн плоштад Магнолија и она чувство што не се става во програма, кога цел град ќе излезе заедно и ќе почне да дише во ист ритам.











