Press "Enter" to skip to content

Червар пред денешниот напревар со Партизан: работиме за да бидеме подобри од вчера

Еурофарм Пелистер од Битола денес со натпревар против екипата на Партизан од нововоспоставената Регионална лига ги започнува официјалниот  дел од сезоната. Пред битолчани се предизвиците во Регионалната лига, а најава за она што следува даде искусниот стратег Лино Червар.

-Навистина ова е едно семејство, во кое е младата екипа покрај сениорите. Ние работевме многу, чекаме вистински натпревари. Денес ни доаѓа Партизан тука, можеби за нас е прерано, ама ќе се обидеме да се спротивставиме. Задоволен сум што на тестот против Еурофарм Пелистер 2 дојдоа доста навивачи, беа наша поддршка. На нас е да го оправдаме тоа и низ сите натпревари да покажеме волја и желба. Момците се вредни, ама секогаш се обидуваме да бидеме подобри од вчера. Без амбиции нема ништо, потребно е многу ентузијазам, страст и енергија, изјави Червар.

Пелистерци в недела ќе го дочекаат Партизан на Раул Гонзалез, а потоа ќе играат против Ловќен и Дубочица до крајот на месецот.

More from СпортMore posts in Спорт »