Press "Enter" to skip to content

Партизан не се прослави во Битола, Еурофарм Пелистер со убедлива победа, Кузмановски со 15 гола (фотогалерија)

Еуеофарм Пелистер – Партизан 35:31 (20:13)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола со победа ја отворија новата сезона во Регионалната лига. Во денешниот натпревар во спортската сала “Боро Чурлевски“ по многу топло време и тешко за игра избраниците на Лино Червар го совладаа српскиот шампион Партизан со резултат 35:31, полувреме 20:13, пред полните трибини, а публиката го аплауз ги награди битолските ракометари.

Капитенот Филип Кузмановски, одигра капитенски. Не само што беше мотив на тимот, мотив за помладите, блесна на теренот и постигна 15 погодоци и забележа 9 асистенции.Победникот во првиот официјален натпревар на Еурофарм Пелистер беше најавен уште по првото полувреме кога Еурофарм Пелистер водеше со 20:13, а претходно “пелистерци“ постепено и стрпливо под водство на новиот тренер Лино Червар. И во вториот дел домашните ја продолжија одличната игра, водеа и со девет погодоци, па во ниту еден момент триумфот не беше доведен во прашање.Момците на Раул Гонзалес, кој не сметаше на Кулеш и Кос, колку и да се трудеа не можеа да парираат на тимот на Еурофарм Пелистер.Битолската публика немаше можност да ги види новите засилувања на Еурофарм Пелистер, бидејќи Червар се реши за оваа пресметка да смета на ракометарите кои го изнесоа товарот минатата сезона.Покрај Кузмановски кој одигра фантастичен натпревар и постигна дури 15 гола, мора да се споменат Граховац и Хенигман кои погодија по четири гола. Кај гостите најпрецизен беше Вагнер со десет погодоци.Еурофарм Пелистер сега го очекува згуснат распоред. На 26 август, в среда, во Битола ќе гостува Ловќен, додека пет дена подоцна македонскиот вицешампион ќе се соочи со српската Дубочица.

Фото: Дамијана Ристевска – Сашо Ристевски

Линк за фотогалерија: 

https://www.facebook.com/photo/?fbid=1691308332707986&set=pcb.1691309806041172

More from СпортMore posts in Спорт »