На 23.08.2026 во 20:30 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат с.Меџитлија – с.Старавина, 42-годишниот Д.Ј. од с.Новаци, битолско управувајќи мопед со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот. Од здобиените повреди Д.Ј. починал на местото, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.
На 23.08.2026 во 19:40 часот во СВР Битола, З.С.(74) од с.Јанковец, ресенско, пријавила дека на ул.„Новачки пат” во Битола била физички нападната од вработени во сервис за коли. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 23.08.2026 во 17:30 часот на бул. „1 Мај” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода С.М.(52) од Битола При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле мопед без регистарски ознаки управуван од С.М., при што било констатирано дека не поседува возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.






