Пливачите од пливачкиот клуб Југ од Битола настапија на овогодинашниот “Император Куп“ кој се одржа во Битола во водите на Олимпискиот базен.
Пливачите под менторство на професорот Михајло Трампевски имаа одличен настан и се закитија со медали во своите категории.
Јан Шутиновски освои трето место во категорија 50 метри краул, Стефан Шурбевски второ место во дисциплина 50 краул и трето место на 100 метри краул.
Андреј Вељанов освои второ место на 50 краул и второ место на 100 метри краул, Јаков Ѓуровски трето место во дисциплината 50 метри грбно. Евгенија Јовчева освои прво место до дусциплина 50 метра краул и Деа Ивановска трето место на 50 метри краул и трето место – 50 делфин.
Тренерот Михајло Трампевски е задоволен со постигнатите резултати со оглед на кратката сезона која ја одработуваат во летниот период на Олимпискиот базен.

Одлични резултати на пливачите на Југ на “Император куп“ во Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- ЈКП “Водовод“ Битола: утре прекин во водоснадувањето поради дефект кај “Фринко“
- ЈКП “Водоводо“ Битола: започна реконструкцијата на водоводната мрежа на ул. “Маркс и Енгелс“
- Нова услуга на Црвен крст Битола “Наменски транспорт“
- Балканскиот куп во риболов “Битола 2026“ по 30 пат на “Стрежево“ (фото)
- СВР Битола: 42 годишни излетал од патот со мопед на место починал, физички нападната жена, приведување за возење без возачка
More from СпортMore posts in Спорт »
- Фото вест: Каменица вечерва навиваше во Битола, а пред 10 години беше тренер на Пелистер на дербито против Еурофарм Работник
- Фото вест: Некои пријателства остануваат, Абутовиќ се поздрави со пола трибина
- Партизан не се прослави во Битола, Еурофарм Пелистер со убедлива победа, Кузмановски со 15 гола (фотогалерија)
- Червар пред денешниот напревар со Партизан: работиме за да бидеме подобри од вчера
- Пелистер во Кавадарци како дома, само бод, без постигнат гол против Брера која играше без играч второ полувреме










