Press "Enter" to skip to content

In memoriam: Никола Богоевски – една од легендите на ФК Пелистер

Денес во Битола на 76-годишна возраст почина Никола Богоевски викан Бизонот еден од најдобри спортисти што ги имала Битола во својата историја. Богоевски беше фудбалска легенда со раскошен талент и физичка подготвеност, остави неизбришлива трага за историјата на фудбалскиот клуб Пелистер.

Богоевски 14 години беше активен фудбалер во зелено- белиот дрес на ФК Пелистер.

Во 1969 Богоевски беше младински југословенски првак во повеќебој, прогласен за најдобар спортист на Битола – 1969 година.

Пред целосно да се посвети на фудбалската топка, Никола Богоевски бил познат во Битола како исклучително сестран спортист. Се занимавал со гимнастика и атлетика, а бил и младински државен првак во партизански повеќебој.  Неговите спортски дострели биле крунисани на почетокот на 1970 година, кога официално бил прогласен за Надобар спортист на Битола за 1969 година во традиционалниот избор на спортските работници и “Битолски весник“.

Во ФК Пелистер, во втора сојузна лига, Богоевски помина дури 14 години како активен фудбалер во зелено-белиот дрес на ФК Пелистер. Неговата кариера се поклопува со клучните моменти на клубот во 1970-тите години.

Прекарот Бизонот го добива поради неговата огромна физичка конституциа, брзина, продорност по десната аут-линиа и бескомпромисност во играта во која воопшто не се штедеше.

Погребот ќе биде во четврток 27ми август, во 12:00 часот во Старите светонеделски гробишта. Изложен ќе биде од 10 до 12 часот во капелата на црквата “Св. Недела“ во Битола.

More from СпортMore posts in Спорт »