Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер во Битола му даде 45 гола на Ловќен во Регионалната лига (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Ловќен 45:33 (24:15)

И пред мечот со Ловќен, во Битола Еурофарм Пелистер беше апсолутен фаворит, а по прикажаното одлично издание го потфрдија, го надиграа Ловќен со огромни 45:33 во натпреварот од второто коло на Регионалната лига. Еурофарм Пелистер уште во првото полувреме покажа дека е блиску до втората победа во Регионалната лига, а битолчани се првиот тим во Регионалната лига што постигна повеќе од 40 гола. Покрај оваа статистика и втората е значајна за тимот, а тоа дека капитенот Филип Кузмановски втор меч по ред има двоцифрен број постигнати голови, сега 14 гола и 5 асистенции.

Ловќен имаше само едно водстви кога го постигна првиот гол и поведе со 0:1, а тоа беше се што покажаа. Еурофарм Пелистер направи серија од  4:0, а во 10. минута резултатот беше 9:4. Потоа разликата потоа постојано се зголемуваше, во 22. минута поведе со 19:11, а потоа имаше и +10  (23:13). Следуваа добри заврши минути од првото полувреме, а по истекот на првите триесет минути беше 24:15.Второто полувреме исто така беше многу ефикасно, разликата уште повеќе се зголеми до крајот, па така, тимот на Лино Червар сосема заслужено ја запиша втората победа во регионалното натпреварување. За разлика од првиот натпревар против Партизан, овојпат своја минутажа добија и некои од новите засилувања. На теренот ги видовме Басанезе и Котар, кои исто така се запишаа во листата на стрелците, заедно со Белистојаноски и Калајџиески. Меѓу стативите беше Давид Брестовац.Кузмановски беше најефикасен, а Ник Хенигман постигна  10 голови.Следен предизвик за пелистерци ќе биде натпреварот против Дубочица, во понеделник, на 31 август, исто така во Битола.

Фото: Дамијана Ристевска

Линк за фотогалерија: 

https://www.facebook.com/photo/?fbid=1694115692427250&set=pcb.1694116929093793

More from СпортMore posts in Спорт »