Сообраќајот на патниот правец Прилеп–Битола, кај Млин „Осман“, од 05:15 часот утрово е во целосен прекин, информира Автомото сојузот на Македонија .
Во останатиот дел од државата сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Зголемен е интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини.
На граничните премини од македонска страна, засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата.






