По повод почетокот на новата учебна година, на последната седница на Советот на Општина Новаци, беше донесена одлука на сите ученици во основното образование да им се додели еднократна парична помош.
Учениците во прво одделение ќе добијат ваучер во вредност од 10.000 денари, додека учениците од второ до деветто одделение ќе добијат ваучер во вредност од 6.000 денари.
-Со оваа мерка сакаме да им помогнеме на родителите полесно да ги обезбедат потребните средства за почетокот на учебната година и да покажеме дека грижата за децата, образованието и поддршката на семејствата остануваат наш приоритет“ рече градоначалникот на Општина Новаци, Стевче Стевановски.
-На сите ученици им посакуваме среќна, успешна и исполнета нова учебна година!, додаде Стевановски.
За добивање на средствата потребни се следните документи: потврда за редовен ученик, во која ќе биде наведено која година е ученикот, како и лична карта и трансакциона сметка од еден родител. Истите се доставуваат кај наставниците во училиштата.






