Еурофарм Пелистер – Дубочица 38:24 (18:13)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер во Битола ја забележаа третата победа по ред во Регионалната лига. Во салата „Боро Чурлевски“ ја совладаа Дубочица со резултат 38:24, полувреме 18:13.
Гостите подобро го отворија дуелот и поведоа со 1:4, а само за неколку минути Еурофарм Пелистер ги намести редовите, а до 18. минута Дубочица сè уште имаше предност. Следуваше одличен период на “пелистерци“ и серија од 5:0 направија пресврт и поведоа со 13:10. До крајот на полувремето Пелистер дојде на +5 (18:13), и со најава дека “пелистерци“ се на праг за нова победа, трета по ред во Битола.
Како и на крајот на првото и второто полувреме Еурофарм Пелистер ја потврди улогата на фаворит над српскиот клуб. Пелистер ја зголемуваше предноста, дојде до +8. На некулку минити Дубочица се обиде да наорави нешто повече, но тоа беше се што покажа пред битолчани, бидејќи ракометрите на Лино Червар направија нова убедлива серија.
Пелистер стигна и до +10, а потоа и зголеми на 33:21, а напреварот заврши со нова трета по ред победа во Регионалната лига.
Кај Еурофарм Пелистер најефикасен беше Петар Атанасијевиќ со 11 гола, а Кузмановски постигна осум. Кај Дубочица, Ристовиќ беше најдобар стрелец со пет погодоци.
Битолчани сега имаа шест бода на првото место во групата “А“ и се наоѓааат на добар пат кон место на завршниот турнир во април догодина.
Фото: Дамијана Ристевска – Сашо Ристевски
Линк за фотогалерија:
https://www.facebook.com/photo?fbid=1698920605280092&set=pcb.1698921741946645









