-После 72 часа непрекината активност на терен и три непроспиени пеколни ноќи на линија на огнот битката за Пелистер е добиена, соопшти директорот на Националниот парк “Пелистер“ – Битола – Иванчо Тошевски, кој додаде станувало збор за еден од најкомплексните пожари оваа сезона на територија на Македонија.
-Пожарот се случи во шума каде доминираат црн и бел бор и соодветно на тоа следуваше една од најкомплексните акции за гаснење на пожар на отворен простор. И покрај неповолните временски услови на терен, акцијата беше успешна благодарение на перфектната и совршена координација на терен помеѓу сите институции кои беа вклучени, вели Тошевски.
Во гаснењето на пожарот биле вклучени единиците на НП “Пелистер“, ТППЕ Битола, ТППЕ Ресен, маханизација на ЈП од Општина Битола, ЈП “Стрежево“, Огнените сили на ДЗС, ДПД “Архангел“, ДПД “Кочани“, ППЕ “РЕК Битола“, хеликоптерите на Воздухопловниот ВИНГ на АРМ, “ер-тракторите“ на ДЗС и голем број на приватни стопанственици и други доброволци кои беа непрекинато на терен без ниту една пауза во текот на целото деноноќие. Целата оваа поддршка беше обезбедена благодарение на директорот на Стојанче Ангелов.
-Во исто време да се координираат сите овие сили на еден релативно мал простор и непристапен терен каде паралелно дејствуваат единици на линија на огнот заедно со механизација, а паралелно од воздух дејствуваат воздухоплови е еден страшно сериозен предизвик. Добар дел од овие единици во оваа битка за Пелистер останаа будни и повеќе од 48 часа, соопшти Тошевски кој упати и благодарност:
-Поддршка и помош за Пелистер пристигнувала континуирано од сите страни на Македонија и за тоа ви сме неизмерно благодарни. Уште еднаш упатуваме огромна благодарност до сите кои несебично се вложија и дадоа свој допринос во гаснењето на овој пожар.

Иванчо Тошевски, директорт на НП “Пелистер“: по 72 часа борба со огнот на линијата на огнот битката за Пелистер е добиена
More from ВестиMore posts in Вести »
- Прв училишен ден и свечен прием на првачиња во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола (фотогалерија)
- СВР Битола: пријави за физички напад од вонбрачен партнер и физички напад од колешка, германец уапсен за дрога, струмичанец најден починат во дворот на болницата
- Градоналникот со првачињата во „Елпида Караманди“, „Коле Канински“ и „Даме Груев“ во Битола
- Школската година започна, среќни училишни денови на учениците, годинава 5 првачиња повеќе од лани
- Во Битола сончево и топло, температурата до 33 степени





