Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведување за дрога и возење без возачка, малолетничко насилство

На 02.09.2026 во 03:00 часот на ул.„Даме Груев” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Д.К. (25) од Битола затоа што при преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок. 

На 01.09.2026 во 09:30 часот во СВР Битола, П.Ш. (40) од Битола пријавил дека неговиот малолетен син на 31.08.2026 во 22:00 часот со запалка бил изгорен во пределот на вратот од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 01.09.2026 во 16.24 часот на ул. „Столарска“ во Битола, полициски службебници од СВР Битола го лишија од слобода А.Д. (34) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле мопед без регистарски ознаки, управуван од А.Д. , при што било констатирано дека го управувал без возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

More from ВестиMore posts in Вести »