-Со проекцијата на македонскиот игран филм “Златната петорка“, во режија на Горан Тренчовски, и доделувањето на наградите за најдобрите кинематограферски
остварувања, по осум дена, во Битола беше спуштена завесата на годинашното 37. издание на Фестивалот на филмската камера “Браќа Манаки“, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Жири-комисијата едногласно одлучи “Златната камера 300“ на 37-то издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера “Браќа Манаки“ да му ја додели на кинематограферот од Финска, Јани Петери – Паси, за филмот “Најсреќниот ден во животот на Оли Маки“.
Наградата “Златна камера 300“ за животно дело на австралискиот и светски познат кинематографер, оскаровецот Џон Сил му ја врачи претседателот на Република Македонија и главен покровител на Фестивалот “Браќа Манаки“, Ѓорге Иванов.
Големата сала во Центарот за култура во Битола буквално ќе експлодираше од овациите по премиерното при кажување на филмот “Ослободувањето на Скопје“, чиј режисер беше легендарниот Раде Шербеџија, кој не можеше да ги скрие своите емоции и во кусото обраќање до присутни те во салата истакна дека со премиерата на филмот “Ослободувањето на Скопје“ на фестивалот “Браќа Манаки“, тој практично го доживеа својот најсреќен ден во својата импозантна филмска, а и режисерска кариера.

Деновиве пред 10 години: 37. издание на Фестивалот “Браќа Манаки“ – “Златна камера 300“ за Јани Петери – Паси (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: свеченото отворен Рускиот конзулат во Битола (фотогалерија)
- Фото вест: Широк Сокак место за нови пријателства, но потврда на старите
- Деновиве пред 10 години: “Љубојна“ одбележа 15 години со спекатакуларен концерт со Влатко Стефановски и Џамбо Агушев (фото)
- Во населбата “Ушици“ во Битола, одбележан празникот Преображение Христово (фотогалерија)
- Турнир во бељот “Ушици 2026“ во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- “Стентон градба“ Битола со молба граѓаните да ги отстранат возилата поради реконтрукција на ул. “Христо Ботев“ во Битола
- Пелистер го победи Работнички како домаќин во Новаци
- “Плодност“ единствена болница во Македонија која воведе интегрирана психолошка поддршка за зачувување на менталното здравје кај мајките
- СВР Битола: битолчанец во Свето Митрани нападнал жител од Кукуречани, полицијата го приведе
- Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп, патнички возила се пропуштаат наизменично










