Денес, 8 септември се навршуваат 35 години од независноста на Македонија, од денот, кога се оствари вековниот сон на сите генерации Македонци, кои, уште во времето на Османлиското ропство мечтаеа еден ден да живеат во сопствена суверена и независна држава Македонија.
На 8 септември 1991 година, македонскиот народ и сите народи и народности кои живеат во Македонија, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци… плебисцитарно се изјаснија да живеат во своја, самостојна и независна држава.
На тој ден, пред 35 години, над 95 отсто од граѓаните на Македонија гласаа Република Македонија да се издвои од поранешната држава СФРЈ и сама да си ја крои својата судбина.
Иако во предвечерието на референдумот кај некои луѓе, а и политичари, имаше одредени сомневања дека македонскиот народ, кој меѓу последните одлучи да се оддели од Југославија, ќе гласа “ЗА“, сепак на тој ден, македонските граѓани речи си плебисцитарно, се одлучија да живеат во своја, сопствена независна и само стојна држава, Република Македонија, која самата ќе се грижи за животот на својот народ.
Оттогаш Македонија цели 35 години самата се грижи за својата судбина и судбината на сегашните и идните генерации.
Иако во овие изминати 35 години Македонија се етаблира како независна, самостојна и суверена држава, сепак Македонија мора сеуште да се докажува восветот дека е своја на своето и дека не е вештачка, коминтеровска творба, како што многумина сакаат да ја престават.
Во сите овие изминати 35 години Македонија како ниту една друга земја во светот, која се определи да биде независна држава е исправена пред предизвикот да се бори не само за своето опстојување, туку и да го докажува своето цивилизациско право самата да одлучува за својата судбина.
35 години за една држава е мал период. Но, затоа што ние го живееме во сите изминати 35 години, сонуваа сите претходни генерации Македонци, од кои најголемиот број ги вградија своите животи во темелите на Република Македонија.






