Press "Enter" to skip to content

Во Битола сончево и топло, температурата до 33 степени

Денес, петок, 11 септември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 33 степени. 

Утре, сабота, 12 септември, во Битола, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 31 степен.