Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведување за дрога, за нарушување на ред и мир, за возење без возачка, жена пријавила физички напад од партнер

На 13.09.2026 во 17:30 часот на ул.„Карпош “во Битола, полициски службеници од СВР Битола  лишија од слобода 31 годишник оод Битола затоа што  при преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 13.09.2026 во 21.00 часот во СВР Битола, 33-годишна жена од Битола пријавила дека била физички нападната од нејзиниот партнер од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 13.09.2026 во 11.30 часот од булевар „1 Мај” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Л.М. (32) од Битола затоа што го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствиј. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 13.09.2026 во 22.55 часот на ул. „7 Јули“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода П.С. (38) од с.Добрушево, општина Могила. При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле возило „фолксваген“ со битолски регистарски ознаки, управуван од П.С., при што било констатирано дека не поседува возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.