ОУ „Гоце Делчев“ доби нови модерни спортски училишни терени. Летово со забрзана динамика се работеше и во ова училиште. Изградени се две повеќенаменски игралишта, едното за мал фудбал и ракомет, а другото за кошарка. Игралиштата се оградени, осветлени, опремени со спортски реквизити и урбана опрема.
Вкупната сума на проектот изнесува 14.280.422 денари. Се работи за средства од вториот владин повик преку министерството за образование и наука.






