Денес, петок, 18 септември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 30 степени.
Утре, сабота, 19 септември, во Битола времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските региони ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата во Битола до 31 степен.






