Во Индустриската зона во Новаци се реализира најголемиот инфраструктурен проект во историјата на Општина Новаци, со вкупна инвестиција до 120 милиони денари, обезбедени преку средства од Владата и сопствениот буџет на Општина Новаци.
-Изградена е нова водоводна, атмосферска и фекална канализациона мрежа, се градат улиците во внатрешноста на Индустриската зона, реализирано е улично осветлување на крак 3 од уличната мрежа која води до Индустриската зона и реконструирана е уличната мрежа (три краци) во Новаци, на потегот од Пошта до „Златен Клас“, соопшти градоначаникот на Новаци, Стевче Стевановски и додаде:
-Општина Новаци има јасна цел, да создадеме современа инфраструктура што ќе овозможи нови инвестиции, нови фабрики, нови компании и нови работни места. Ова не е само инвестиција во инфраструктура. Ова е инвестиција во економската иднина на Општина Новаци. Градиме услови за развој денес – за повеќе можности и работни места утре.

Индустриската зона во Новаци – историски проект за економски развој на Општина Новаци
More from ВестиMore posts in Вести »
- Една сцена, безвременски хитови: „Now We Are Free“, „Barcelona“ и „The Ecstasy of Gold“ во Скопје
- Зимската служба се координира пред зимата
- СВР Битола: 18 годишна битолчанка нападната со остар предмет, приведување за марихуана, нарушување на ред и мир, закана со остар предмет
- KFC отвори ресторан во Битола
- Епопеја за Јане – Пиринскиот цар за вечност (2)





