На 17.09.2026 во 23:30 часот, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода 33 годишник од Битола затоа што физички ги нападнал неговата 36-годишна сопруга и нејзиниот татко. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 17.09.2026 во 17:30 часот на ул. „Илинденска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода В.И. (18) од Битола. При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле мопед без регистарски ознаки, управуван од В.И., при што било констатирано дека го управувал без возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.






