Press "Enter" to skip to content

Зголемен бројот на новозапишани студенти по двата уписни рока на УКЛО

УКЛО трета година по ред бележи раст на бројот на новозапишани студенти на прв циклус студии.  По двата уписни рока, на Универзитетот „Св. Климент Охриски“ – Битоа  запишани се  1.062 студенти,  77 повеќе од минатата година, што претставува  раст од речиси 8 проценти.

Менаџментот на УКЛО оценува дека во услови на континуиран пад на бројот на матуранти во државата, зголемениот интерес за УКЛО претставува значаен резултат и потврда за довербата на младите во Универзитетот, неговите студиски програми и можностите што ги нуди.

– Ги повикуваме сите кои сè уште се двоумат да ја искористат можноста и да се запишат во третиот уписен рок. Со изборот на УКЛО, студентите стануваат дел од големо академско семејство кое денес ги надминува границите на Универзитетот и на државата, посочува ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски. Со запишувањето на УКЛО, студентите стануваат дел од КОЛОРС Алијансата – европско академско семејство што обединува девет универзитети и околу 126.000 студенти https://uklo.edu.mk/colours/.

Членството во Алијансата за студентите на УКЛО овозможува меѓународна мобилност, размена и студирање на партнерските универзитети, а во иднина и можни двојни и заеднички дипломи.

Третиот уписен рок е нова можност за незапишани кандидати да го изберат УКЛО и да бидат дел од европското академско семејство КОЛОРС. Пријавувањето е на 23 и 24 септември 2026 г. https://uklo.edu.mk/blog/upisi-2026-27/

More from ВестиMore posts in Вести »